Јанушев: Лицето на Заев открива нервоза, несигурност и соочување со сопствениот неуспех

0
89

Изразот на лицето на Зоран Заев е израз на човек кој тоне во сопствената жива кал.

Заев паѓа, а Македонија се крева. Лицето на Заев открива нервоза, несигурност и соочување со сопствениот неуспех. Тоа е така, затоа што знае дека ќе биде поразен.
После онаа изјава на Заев, со која не покажа ниту еден збор самокритичност за состојбите во државава, и самиот си се поистовети со ЕУ во смисла ќе распишел избори за да кажел народот дали сака во ЕУ, а ако нарадот сакал во ЕУ, ќе гласал за Заев, не тера да се запрашаме за кое отсуство од реалноста го има кај овој човек?!?

ВМРО-ДПМНЕ е свесна за оваа сложена состојба во која е втурната Република Македонија со површните, штетни, криминални и коруптивни политики и дејствија на власта.

Премногу се изгуби. Ние ветуваме дека ќе биде подобро. Ветуваме и знаеме дека може да биде подобро. Нашиот народ заслужува подобро. Нашата мобилизација е веќе започната. Ќе допреме до секој еден граѓанин, сите може да ни се приклучат. Сметаме на нашите граѓани и заедно ќе ја обновиме Македонија.

Ние зборувавме дека вакво нешто може да ни се случи. Но, што “фајде” ако сега кажеме дека бевме во право. Тоа нема да го надомести загубеното време и изневерените чувства и очекувања на граѓаните. Но, тоа што може да ги надокнади овие две работи е со нашата неуморна работа и сериозен пристап да покажеме дека знаеме и умееме и дека може да биде поинаку и подобро.

Одиме напред во голема победа. Мора во што поголем број да се излезе на избори и народот да го каже своето мислење за се што Заев направи, но и за тоа што ние ќе го понудиме како програма, а ве уверувам ќе биде најдобрата програма досега извадена од било која партија.

Ќе победиме, и таа победа ќе му припаѓа на секој еден од вас кој ќе се одважи и ќе го крене својот глас! Напиша на Фејсбук, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

Извор: курир.мк

Коментирај