Јанушев: Бараме под итно да се примени антикризниот план од 8 чекори, кој го предлагаме

0
459

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев на својот Фејсбук профил со порака до власта – во овие 29 години поминавме низ транзиција, криминална приватизација, воен конфликт, светска економска и европска должничка криза… и никогаш, ама апсолутно никогаш немаше кратење на пари на работниците, односно на граѓаните на Република Македонија, затоа баталете го популистичкиот PR и посветете се на здравствениот систем и економијата.

Бараме под итно да се примени антикризниот план кој го предлагаме, а кој се состои од 8 чекори, и тоа:
1. Државата да покрие до 50% од бруто трошоците за вработените, по основ на нето плати и придонеси, а не само нето плати како што предлага СДСМ,
2. Целосно да се замрзнат плаќањата на рати по основ на отплата на главнина и камати на граѓаните и бизнисот кон банките и заемодавателите,
3. Владата да се откаже од непродуктивните трошоци од буџетот и безусловна и интензивна реализација на капиталните инвестиции,
4. Владата да го покрие транспортниот сектор со укинување на плаќањето на патарина и царински давачки, како и да донесе одлука за укинување на сите давачки – царински и даночни за набавка на здравствени маски, медицински препарати и уреди потребни за справување со корона вирусот,
5. Аконтацијата на данокот на добивка за месеците април, мај и јуни да биде одложена, но истото ова треба да се примени и за ДДВ за месец март кој се плаќа до крајот на месец април за дејностите погодени од кризата,
6. Итно и целосно прекинување на непродуктивните трошоци за времени вработувања,
7. Да не се прави “урамниловка” помеѓу платите на функционерите со платите на работниците во администрација и

8. Веднаш да се обезбедат 1 милијарда евра за да нема негативни последиците врз компаниите и стандардот на граѓаните, од кој 600 милиони преку средства од Светска банка, ММФ и странски банки, и 400 милиони евра преку државни хартии од вредност кои ќе ги издаде Министерството за финансии, со претварање на пасивниот капитал во актива. – напиша Јанушев.

Коментирај