Јани Бојаџи за Кочо Рацин: Подемот на Црвената Буржуазија започна со „Почивај во мир“ на најдобриот

0
390

На денешен ден, 13 Јуни во 1943 година го убија Кочо Рацин! Подемот на Црвената Буржуазија започна со убиство на најдобриот! Секој кој со својот ум, човечки интегритет и дела правел нешто за себе си и својот народ бил предмет на прогони, мачења и убиства! Така почна нивното владеење!

Пред да го ликвидираат го нарекоа колаборационист, националист, шовинист и отпадник! Го мразеа затоа што имаше талент! Тоа тие не простуваат! Затоа го бојкотирале на таков одвратен начин што некои од нив не само што јавно го одбегнувале на улица – туку и го плукале во лице за да покажат колку се добри партијци и “комунисти”!

Сеуште така владеат нивните деца и внуци! Кажувајте ми како ќе им простите затоа што вие не сте такви! Верувајте и понатаму дека ако вие им покажете љубов – тие ќе ја примат таа љубов и ќе ви возвратат братски и со уште повеќе љубов! Така си мислеше и оној со име на “Г” па единаесет години владеење посвети на тоа децата и внуците на Црвената Буржуазија да ги одоброволи да го “свиѓаат” и нарекуваат “брат“! Ги сосипа со љубов и стотици милиони долари во облик на бизниси и “културно уметнички проекти`!

Колку повеќе им удоволуваше толку повеќе го мразеа и сметаа за слабак!

Му вратија со љубов во облик на“”шарени бои”!

Јас не можам и нема да им простам никогаш за сето она што го правеле тогаш а продолжуваат да го прават и денес! И додека можам ќе ги потсетувам на тоа дека знаеме и кој се и што се! Особено тие што овие денови сакаат да се сокријат дека не се тоа за што се кажувале до вчера!

Не за друго, за да не бидат залудни животот и смртта на сеуште најдобриот од нас!

Почивај во мир, Мајсторе!

На денешен ден, во 1943 година, на пат кон партизанската база на планината Лопушник, близу Кичево, беше убиен Коста Апостолов Солев – Рацин, македонски поет и револуционер, еден од основоположниците на современата македонска литература.

Кочо Рацин е роден во 1908 година, во Велес. Уште во детството ја запознава сиромаштијата. Неговиот татко, грнчарот Апостол, не можел да му пружи којзнае какво школско образование, бидејќи грнчарскиот занает и состојбата на семејството барале многу напори и време за малечка заработувачка. Кочо можел да добие одвај еден клас нижа гимназија и веќе на својата тринаесетта година бил присилен да му се посвети сосема на татковиот занает.

Рацин припаѓа на генерацијата македонска интелигенција созреана помеѓу двете светски војни, онаа која застана во одбрана на националните и социјалните права на Македонците за време на втората светска војна. Бил член на Комунистичката партија од која бил исклучен бидејќи несакал да  напише статија против Мирослав Крлежа и неговите соработници од списанието „Печат“. Поради неговата дејност затворен е од властите на Кралството Југославија. Во заточеништво го дочекува нападот на фашистичка Германија кога е мобилизиран.

Во 1942 година повторно е примен во редовите на Комунистичката партија. Во септември 1942 година Рацин е уапсен во Скопје од страна на бугарската полиција и во ноември е интерниран во селото Корница, Неврокопско. Сепак, многу брзо, во април 1943 година на Рацин му успева да побегне и да се врати во Скопје.

На 5 мај 1943 година Рацин тргнува од Скопје во партизани, со група од 8-мина, меѓу кои е и Добривое Радосавлевиќ – Орце. По пристигнувањето во одредот „Кораб” станува уредник на партизанскиот весник „Илинденски пат” и подготвува две збирки на македонски народно-ослободителни песни.  Но, набрзо, Рацин загинува.

Вечерта на 13 јуни, додека се враќал во партизанската печатница на планината Лопушник, Кичевско, смртоносно бил застрелан од Мино Миновски, партизанот кој го чувал пристапот кон печатницата. Според податоците кои ги наведува Перо Коробар, при тоа Рацин бил на триесеттина метри подолу од него, а партизанската база се наоѓала на 300-400 метри од печатницата.

Кочо Рацин е намерно убиен поради неговата про-македонска линија која отстапувала од плановите на Комунистичката партија на Југославија. Според некои наводи, Страхил Гигов политички го изолирал Рацин и го организирал неговото убиство, а сомнежи дека се работи за наместен случај фрла и податокот дека Рацин, пред заминувањето во партизани и на патот до партизанскиот одред, веројатно влегол во судир со Добривое Радосавлевиќ, како и податокот според кој на Рацин му бил одземен пиштолот додека бил во партизанскиот одред.

Коментирај