Јани Бојаџи: „Артефактот“ си замина дома

0
1685

Почитувани, татко ми повеќе не е задржано лице! „Артефактот“ си замина дома. Бескрајно сакам да верувам во случајности, во погрешно место и погрешно време. И, да, секој чесен човек треба и мора да верува во независноста и непристрасноста на судот и обвинителството. Бескрајно ви благодарам на сите за поддршката кон мене и моето семејство. Не знам како да ви се оддолжам освен со ветување дека следниот мој филм ќе биде подобар од овој – напиша вечерва режисерот Јани Бојаџи, чиј татко вчера беше проведен, на денот на премиерата на неговиот филм „Ругање со Христос“.

Неговиот татко не е помеѓу седуммината на кои судот денеска им одреди мерка притвор, а кои беа уапсена во истата акција, во која беше проведен и таткото на Бојаџи.

Режисерот во својот статус додава:

И уште една добра вест! Центарот за култруа „Ацо Шопов“ во Штип се согласи штипската премиера на филмот ,,Ругање со Христос,, да се одржи на 09 Октомври, вторник, во 19.30 часот во големата сала. Подготвуваме квалитетна проекција на слика и звук, и се разбира, како и во Скопје со присуство на актерите и екипата на филмот. Браво на штипјани. Ги повикувам и другите градови да го следат Штип. Директори, управи, одважете се, чувството е прекрасно, верувајте ми!

Коментирај