Јанева лажела дека го изгубила вториот телефон: Пронајден е кај трето лице

0
1061

Обвинителството вчера го пронајде вториот мобилен телефон на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, за кој таа велеше дека ѝ е изгубен.

Телефонот бил пронајден кај друго лице кое рекло дека го добило на подарок.

– Обвинителството со издадено барање до мобилните оператори за следење на IMEI- меѓународен идентитет на мобилна опрема на телефонот, го пронајде мобилниот телефон кај друго лице. По што, со наредба на судија на претходна постапка телефонот е одземен. Притоа лицето изјави дека телефонот е добиен на подарок. – велат од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.
Мобилниот телефон ќе биде предаден на вештачење, а истовремено Обвинителството испитува дали вториот мобилен телефон бил средство на СЈО.

Вчера во рамки на истрагата за противзаконито влијание и перење пари, Обвинителството за организиран криминал и корупција го доби извештајот од вештачењето на мобилниот телефон на Јанева кој ѝ беше одземен за да се испита евентуална поврзаност на специјалната обвинителка во случајот „Рекет“ во кој се осомничени Зоран Милевски – Кичеец и Бојан Јовановски – Боки 13. И двајцата се во притвор од минатиит понеделник, 15 јули.

Извор:Лидер.мк

Коментирај