Јана Бурческа – финалистката од „Идол“ ќе ја претставува Македонија на Евровизија

0
935

МТВ излезе со соопштение до јавноста во кое информира кој е македонскиот претставник за Изборот за песна на Евровизија 2017. Откако интерно ги избраа Есма, Лозано, Тијана и Калиопи минатите години, оваа година МТВ решија младата македонска пејачка Јана Бурческа да оди на Евровизија. Во продолжение соопштението:

“Македонската Радио Телевизија како членка на Европската Радиодифузна Унија, донесе одлука со која се дефинира учеството на Македонија на претстојното 62 издание на најголемиот меѓународен музички фестивал во Европа „Избор за песна на Евровизија“ Киев, 2017 година.

Имајќи го предвид фактот дека според правилата на EBU, секој Национален радиодифузер има целосно право и слобода на избор на форматот низ кој се одлучува актуелниот национален претставник, МРТ одлучи на овој престижен и реномиран музички натпревар, честа за претставување на Јавниот национален радиодифузен сервис и Македонија, да и се довери на младата македонска интерпретаторка Јана Бурческа.

Својата музичка кариера Јана Бурческа ја започнува во “Македонски идол” каде што во финалето се пласира на петтото место.

За терминот на официјалното претставување на композицијата со којашто Македонија ќе се натпреварува на Евровизискиот Избор во Киев, МРТ дополнително ќе ја информира македонската јавност.”

Коментирај