Јакимовски: Заев се поигруваше со луѓето од 27-ми април, а сега пантолоните му се спуштени

0
426

Неговите панталони се спуштени. Да не бидам вулгарен тој е спремен многу повеќе да даде отколку амнестија и помирување. За какво помирување тој зборува? За циркусот кој што тој го направи? За што е обвинет глумецот Јовановски? За што е обвинет Дурловски? За што е обвинет Борис Дамовски? Зошто влегле во Собранието  пееле и држеле говори? За тоа ли го направија обвинението тероризам, праша претседателот на ГРОМ Стевчо Јакимовски во неговото гостување во емисијата Отворено на ТВ Алфа, коментирајќи ја изјавата на Зоран Заев од собраниската говорница.

Јакимовски додаде дека изјавата на Зоран Заев е поигрување со човечки животи, додавајќи дека на луѓето од 27-ми април им накалемиле кривично дело злосторничко здружување тероризам, но според него злосторничко здружување има од страна на политичари, обвинители и судии, а не на обвинетите од крвавиот четврток.

-Ако зборуваме за злосторничко здружување еве го злосторничкото здружување на дело помеѓу политичари, обвинители и судии. Им накалемија на луѓево тероризам, за да можат денеска да ги уценуваат, ова е злосторничко здружување каде што се игра со човечки судбини, вели тој.

Според Јакимовски подадената рака од Зоран Заев е исконструирана ситуација за на криминален начин со уцена на луѓе, на пратеници, со поткупување да се продаде името.

-Кога зборуваме за амнестија, Зоран Заев сака да каже амнестија и за тие што пееја химна на друга држава, сака да каже амнестија, да си подадеме рака за тие со 57 гласа што избраа претседател на Собрание,смета Јакимовски.

Коментирај