Јагнешко месо со спанаќ

0
694

Состојки:
– 1 кг. јагнешко месо
– масло
– 3 кромид
– 3 чешниња лук
– 2 лажици доматно пире
– 3 домати
– сол, црн бибер
– 1 лажичка црвен пипер
– 1/2 кг. спанаќ

Подготовка:
Измијте го месото и исечете го на мали парчиња. Во добро загреано масло пржете го месото се додека не добиете златна боја. Потоа извадете го месото и во истото масло испржете го кромидот и лукот. Додадете го доматното пире, сецканите домати, црвениот пипер и црниот бибер. Оставете го сосот да покрчка па ставете го месото вратете. Гответе на тивок оган се додека не биде готово месото. Можете да додадете малку вода или супа.
Кога месото ќе биде подготвено, додадете го сецканиот спанаќ. Ако е неопходно згустете го сосот со брашно. Кога спанаќот ќе биде подготвен, може да послужите.

На здравје!

Коментирај