Јагнешки котлети со сусам (Мароко)

0
759

Состојки:
• 8 јагнешки котлети
• 2 лажици лебни трошки
• 2 лажици сусам
• 2 лажици брашно
• 1 јајце
• 1 лажица маслиново масло
• 30 гр. путер
• сол

Начин на подготовка:
Измешајте го сусамот со лебните трошки и посолете по вкус. Секое парче од месото ставете го во брашното па во изматканото јајце. Потоа посипете го со мешавината од сусам. Оставете ги парчињата месо да отстојат 30 мин во фрижидер и потоа испржете ги убаво во загреаното масло и путер.

На здравје!

Коментирај