Јадете ли сушено овошје и зеленчук?

0
214

Сушените намирници имаат подобар вкус и содржат поголемо количество на шеќер, во споредба со свежите производи. Сушените намирници имаат и посилен интензитет на вкусот!

Без вода е невозможно да се живее, што значи дека со дехидрација (одземање на влагата), комплетно се прекинува активноста на микроорганизмот од храната.

Една од предностите на сушење зеленчукот и овошје е тоа што во однос на други конзерванси, сувите намирници може повторно да се хидрираат и да се користат како свежи, притоа без нарушување на нивниот квалитет.
Со сушењето на намирниците се зачувуваат важни хранливи материи кои пак со варење на истите, тие се губат. Со замрзнување на храната минимално се менува квалитетот на намирниците така што витаминот А (бета каротен), хранливите влакна, калиум, магнезиум и натриум може многу малку да се променат.
Калориската вредност на сушените намирници останува иста, а во некои случаи може да се зголеми додека пак, процентот на сол и маснотии може минимално да се намали.

Сушеното овошје може да го конзумирате наместо грицките кои содржат многу холестерол и вештачки адитиви што треба да се одбегнуваат.
Од сушеното овошје може да подготвите колачи или компот и да додадете малку лимон и мед, што е вистинска зимска, витаминска бомба.

Коментирај