Ја „згазивме“ Чешка на квалификации, вечерва останува да ја потврдиме победата на големата сцена

0
206

Вечерва во Вараждин македонската ракометна репрезентација го игра јубилејниот 200-ти натпревар, ова воедно ќе биде 30.ти натпревар на Македонија на Европските првенства. Досега Македонија има 7 победи, 6 нерешени и 16 порази.

Селекцијата на Чешка е еден од ривалите против која имаме одиграно најмногу натпревари – 13. Повеќе дуели Македонија има играно само против Исланд 15, а тринаесет натпревари имаме играно и против Унгарија.

Во последниот дуел од квалификациите за Европското првенство (ЕП) против Чешка, нашиот национален тим се издигна и го „растури“ противникот среде Скопје со високи 33-20.

Билансот против Чешка е 5 победи – 3 нерешени – 5 порази.

1. 27.09.95г. ЧЕШКА – МАКЕДОНИЈА 33:16 Чеб
2. 30.09.95г. МАКЕДОНИЈА – ЧЕШКА 27:27 Ресен
3. 04.06.98г. ЧЕШКА – МАКЕДОНИЈА 38:18 Болцано
4. 18.01.06г. МАКЕДОНИЈА – ЧЕШКА 36:31 Скопје
5. 21.01.06г. ЧЕШКА – МАКЕДОНИЈА 43:25 Плзен
6. 19.01.12г. МАКЕДОНИЈА – ЧЕШКА 27:21 Ниш
7. 14.01.14г. МАКЕДОНИЈА – ЧЕШКА 24:24 Хернинг
8. 02.11.14г. ЧЕШКА – МАКЕДОНИЈА 27:27 Злин
9. 14.06.15г. МАКЕДОНИЈА – ЧЕШКА 32:28 Скопје
10. 11.06.16г. ЧЕШКА – МАКЕДОНИЈА 28:22 Злин
11. 15.06.16г. МАКЕДОНИЈА – ЧЕШКА 34:27 Скопје
12. 05.11.16г. ЧЕШКА – МАКЕДОНИЈА 35:28 Плзен
13. 18.06.17г. МАКЕДОНИЈА – ЧЕШКА 33:20 Скопје

На Европските првенства билансот е ист како и на вкупниот број меѓусебни натпревари 3 дуели (1-1-1). Македонија највисокиот пораз го има претрпено токму од Чешка на ЕП 1998 година (18:38), додека и највисоката победа на ЕП е постигната во Ниш 2012 (27:21).

Еден од селекторите на Чешка, Јан Филип со 10 голови во Болцано е најдобар стрелец на Чешка на еден натпревар на европско првенство (против Македонија), додека Кирил Лазаров во Хернинг постигна 12 од 24-те гола на Македонија во нерешениот резултат.

И традицијата на денешен ден е на наша страна на петте одиграни натпревари имаме три победи и два нерешени дуела.

2000 година Југославија 31:24
2005 година БиХ 28:28
2012 година Полска 27:25
2015 година Австрија 36:31
2016 година Норвешка 31:31

Коментирај