Ја симна Џиџи Хадид од тронот: Адут Акеш Биор е најдобра манекенка на светот

0
214

Манекенката со суданско-австралиско потекло Адут Акеш Биор е новата убавица која го зазеде тронот како најдобра манекенка на светот според изборот на Models.com Industry Award.

19-годишната манекенка се вивна во врвот на манекенското ѕвездено небо, засенувајќи убавици како Џиџи и Бела Хадид кои се сметаат за најдобри манекенки во светот на модата.

Ова признание го доби откако отворено говореше за проблемите со анксиозноста и депресијата.

Модната кариера ја започнала на 16 години и признала дека секое утро и ноќ во изминатата година плачела. Честитајќи им ја Новата Година на фановите на социјалните мрежи признала дека и покрај успешната кариера таа страда од длабока депресија и анксиозност. Нагласила и дека се учи да се избори со ова, но понекогаш чувствата ја совладуваат.

Адут е родена во камп за бегалци во Јужен Судан, а во Австралија пристигна кога имала само 7 години. Во јули минатата година беше втората црнкиња која беше избрана за младенче на Шанел во последните 14 години.

Извор: taratur.mk

Коментирај