Ја прекрстија во српска пејачка, па пола естрада почна да се мајтапи со Весна Петрушевска: Каролина и Џамбазов со урнебесен коментар (ФОТО)

0
247

Македонската актерка Весна Петрушевска- Бејби на својот Инстаграм профил објави фотографија од вест објавена на македонски портал која ги насмеа нејзините следбеници.

Станува збор за вест со наслов „ФОТО: Вака изгледа првиот сопруг на Весна Змијанац“.

Актерката веднаш ја објави оваа вест на својот профил на Инстаграм пишувајќи „Па нек иде живот, додавајќи тагови #news #vesnazmijanac #fakenews“.

Под фотографијата пејачката Каролина Гочева и напиша „Таа си!“, додека Игор Џамбазов напиша „Смршао си брате…“.

Коментирај