Ја грабнал на Бит Пазар и ја однел во парк шума Гази Баба: Скопјанка киднапирана од поранешното момче

0
306

Во текот на вчерашниот ден во Секторот за внатрешни работи Скопје, А.Д. (27) пријавила дека во неделата околу 18.00 часот противправно била лишена од слобода, од страна на поранешното момче Ф.Ќ. (22).

Имено, додека стоела на автобуската постојка на Бит Пазар, истиот ја повикaл да влезе во неговото возило, а потоа излегол од него и насилно ја внел во возилото со цел да разговараат за причините за прекинатата љубовна врска. Потоа се упатиле кон Парк шумата „Гази Баба“ каде физички ја нападнал. Истиот и ги одзел личните документи и се оддалечил од местото на настанот, а по кратко време ја пресретнал и ја однел со возилото на бензинска пумпа каде побарала помош од вработените.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Извор: skopjeinfo.mk

Коментирај