Израснавме со нив, но дали знаевте зошто секогаш тие носат бели ракавици?

0
294

Сите јунаци од цртаните на „Дизни“ носат бели ракавици. Првата причина е затоа што на почетокот цртаната кинематографија на цртежи се работела рачно, што е тешка работа.

Првата причина е практична, на цртачите им било полесно да нацртаат ракавици отколку раце или шепи.

Втората причина е затоа што креаторите на нашите омилени цртани јунаци, сакале што повеќе да се персонификуваат животните, па им додавале ракавици за да имаат изглед на човек.

Третата причина повторно се однесува на минатото, и тоа во ерата на црно-белите цртани филмови.

Цртањето на ракавиците во бела или црна боја навистина дава подобар контраст на сликата и рацете на цртаните ликови изгледаат многу подобро во две бои, отколку да биде целосно црни или целосно бели.

Извор: ЗадАголот

Коментирај