Изненадување: Видете кој е фаворит да го замени Мурињо на „Олд Трафорд“

0
353

Жозе Мурињо лошо ја отвори сезоната со Манчестер Јунајтед и после две кола го запиша првиот пораз, но играта која ја прикажуваат „црвените ѓаволи“ е загрижувачка.

Раководството на славниот англиски клуб за сега го поддржува Мурињо, но се погласни се шпекулациите дека „Специјалниот“ може да го напушти клубот, особено поради фактот што незадоволството на фановите расте од ден на ден.

Мурињо има лоши односи со играчот, особено со Пол Погба, а англиските медиуми пренесуваат дека раководството на клубот од „Олд Трафорд“ овој пат ќе застанат на страната на фудбалерот.

Обложувалниците пред почетокот на сезоната дадоа најмал коефициент дека Мурињо прв ќе добие отказ оваа сезона, а медиумите веќе почнаа да шпекулираат со имињата кои би можеле да го заменат.

Пред неколку дена се споменуваше Зинедин Зидан, но обложувалниците тврдат дека главен фаворит е Антонио Конте. Коефицинетот за Италијанецот изнесуваше 15, а сега драстично падна и изнесува 6.00.

Конте пред почетокот на сезоната доби отказ од Челзи и се уште е на платен список на „сините“, но набрзо треба да се ослободи со добивање на бонус.

Извор: sportski.mk

Коментирај