Изненадување: Несторовски може во – Мексико!?

0
164

Интересна вест објавија мексиканските медиуми, Илија Несторовски се нашол на мета на мета на мексиканскиот клуб Клуб Америка.

Клубот е во потрага по напаѓач и тренерот на овој тим Мигуел Ерера го забележал Нестор. Ерера наводно побарал ако клубот не може да го купи тогаш барем да го доведе на позајмица за следната сезоната.

Несторовски летово пристигна во Удинезе после колапсот на Палермо, меѓутоа од неодамна и во италијанските медиуми започна да се шпекулира за негово можно заминување. Како најсериозен кандидат претходно се споменуваше лидерот во Серија Б, Беневенто.

Извор: Спортски.мк

Коментирај