Изгубени во преводот: Заев и Пендаровски имаат различен став за тајните служби

0
195

Пендаровски не го следеле туку само го сликале за да докажат каков автомобил има.

Премиерот Заев денеска уверува. Претседателскиот кандидат е безбеден. Во Македонија тајни служби нема.

Но цврстиот став на Заев не го убедува исплашениот Пендаровски. Тој денеска потврди дека случајот го пријавил во МВР и дека очекува полицијата да си ја заврши работата.

Вели дека причина за неговиот страв се изјавите на Оливер Спасовски кој му беше еден од најсериозни противкандидати во внатрепартиската трка за нов шеф на државата

За опозицијата ова е врвот на неодговорното однесување на власта и обид да се обезбеди алиби за судот да може да ги следи функционерите на ВМРО-ДПМНЕ во изборниот период.

Пендаровски пред 3 дена во ТВ интервју обвини дека е следен од тајни служби блиски до опозицијата и дека за тоа следење доказ се 3 фотографии на социјалните мрежи.

Извор:Курир

Коментирај