Избрани нови органи на ЦО на СДММ – Синот на Фрчкоски нов потпретседател

0
618

На првата седница на Централниот одбор на Социјалдемкратската младина на Македонија, која се оддржа денеска, беа избрани секретар, потпретседатели, огранизационен секретар и нов состав на Извршниот одбор на СДММ.

Новите ограни и тела на СДММ во мандат во следните две години ќе имаат бројни активности, создавање на квалитетни младински и европоски политики, промоција на политиките на СДММ и СДСМ, сои во соопштението.

За секретар на СДММ е избран Виктор Велевски од ЛК СДММ Кавадарци. За организационен секретар на СДММ е избран Гордан Шутаров од ЛК СДММ Карпош.

За потпретседатели на СДММ се избрани: Јон Фрчкоски, Ана Манасиева и Никола Рилак.

На седницата едногласно беше избран и новиот Извршен одбор на СДММ, во следниот состав: Блажена Огненоска – ЛК Кичево , Ристе Булоски -ЛК Охрид, Марко Спиркоски – ЛК Прилеп, Мерсиха Муше – ЛК Ѓорче Петров, Никола Јакимовски – ЛК Крива Паланка, Виолета Димитровска – ЛК Берово, Ивана Трајкова – ЛК Неготино, Ана Трифуновска – ЛК Битола, Владислав Трајковски – ЛК Куманово, Соња Мартинова – ЛК Велес, Елена Велковска – ЛК Свети Николе, Марија Иванова – ЛК Струмица, Фросина Мантева – ЛК Радовиш, Ангела Паневска – ЛК Врапчиште , Марко Михаилоски – ЛК Тетово и Дарко Мијовски – ЛК Гостивар.

Коментирај