Избрани најдобрите поединци во Премиер лигата за октомври

0
722

Традиционалните месечни награди во Премиер лигата, сосема очекувано заминаа во Лондон, поточно на „Стемфорд Бриџ“.
Стратегот на Челзи, Антонио Конте, немаше конкуренција во октомври, затоа што неговиот тим брилјираше минатиот месец.

Белгискиот репрезентативец Еден Азард кој се закити со наградата за најдобар играч за минатиот месец. Тој на четири настапи досега запиша три гола и една асистенција, притоа Челзи на секој натпревар победи.

Коментирај