Изборите ги следат 5.011 домашни и 373 странски набљудувачи

0
572

Локалните избори во Македонија ги следат 5.011 домашни и 373 странски набљудувачи, како и шест странски новинари, акредитирани од ДИК.

Од домашните најголем број набљудувачи има МОСТ – 2.843 потоа Здружението на граѓани ЗХА „Синергија“ – Штип 1.829, Цивил – Центар за слобода 191, Институтот за економски стратегии и меѓународни односи Охрид – Скопје 125, Центарот за разбирање и институционална соработка Скопје – ЦРИС Скопје 17 и Македонскиот центар за култура и развој шест набљудувачи.

Од странските, најголем број набљудувачи има Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР 198, потоа Амбасадата на САД во Македонија 33, Делегацијата на ЕУ 23, Меѓународниот студиски центар за избори (IESC) 18…

Набљудувачи имаат акредитирано и Канцеларијата на НАТО во Скопје и амбасадите на Руската Федерација, Албанија, Австрија, Франција Велика Британија, Шведска, Унгарија, Кралството Холандија, Италија и Словачка во Македонија.

Во ДИК се акредитирани и 294 преведувачи.

Коментирај