Ивор Мицковски: Што се случува кога боемски профитери ќе ги ставиш за заменик министер?

0
533

Андреј Жерновски е актуелен заменик министер за надворешни работи на Република Македонија кој дојде на оваа функција од местото градоначалник на скопската општина Центар. На социјалните мрежи објавува дека се наоѓа во Катланово (во близина на Скопје) каде што ужива во зимската идила со вино и камин…

Не знаеш дали го читаш дипломатот Жерновски или Драган Таневски.

Ивор Мицковски, поранешен член на СДСМ и жесток критичар на власта за објавата на Жерновски пишува: „Господата од власта расположена за поезија, лагоден живот, меланхолична мисла, чак и блага љубовна депресија.
Е тоа се случува кога боемски профитери ќе ги ставиш за заменик министер, додека други ти ја завршуваат работата.
Воздржувањето е доблест кога служиш народ кој живее политичка и егзистенцијална мизерија“, пишува Мицковски на фејсбук.

Извор:republika.mk

Коментирај