Ивор Мицковски: Некој си ја има мувата на капата штом го смислил слоганов „Сите сме деца на Илинден?!“

0
402

За новинарот Ивор Мицковски, слоганот со кој ќе се одбелжува годинашниот Илинден е многу патриотски и патетичен и смета дека оној кој го смислил си ја има мувата на капата.

„Сите сме деца на Илинден?!
Многу патриотски и патетичен слоганов за мене. (ќе да е дека некој ја има мувата на капата)
Да не речам, премногу ми е во духот на ВМРО. И деца на АСНОМ ќе ми беше прелигаво.
Јас лично и мојата генерација мислам дека сме деца на транзицијата. Овие нешто помладите деца на режимот. Оние нешто постарите деца на Југославија.
Да се надеваме дека тие што сега се раѓаат ќе бидат деца на слободна Европа.
Иначе од патриотски слогани не сме виделе до сега ништо добро, само чудовишта, напиша Мицковски на фејсбук.

Извор:република.мк

Коментирај