Ивор Мицковски: Демек не заболе нас дали маж, жена или дете ќе скурца 4 милијарди на изборен поткуп, клиентелизам…

0
344

По изјавата на вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шеќеринска дека 4 жени во Владата имаат повеќе буџет од сите мажи, поранешниор прв човек на Центарот за комуникации на СДСМ, Ивор Мицкосвски на својот Фејсбук профил го напиша следниов коментар:

„4 жени имале повеќе буџет од сите мажи во влада. Демек не заболе нас дали маж, жена или дете ќе скурца 4 милијарди на изборен поткуп, клиентелизам, партии, политичари и купен социјален мир“.

Инаку, на Форумот на жени на СДСМ, Радмила Шекеринска истакна дека раководи со, условно кажано, машки ресор и дека токму во нејзино време стануваме земја членка на НАТО. Таа подвлече дека „ако ги собереме буџетите на министерствата предводени од жени, ќе видиме дека иако се само 4 наспроти 12, вкупниот буџет е два пати поголем од буџетите на нашите машки колеги.“

Коментирај