Иванов со Папата, прогонетите патриоти со глувците, бубашвабите и ножот под грло

0
858

Денеска Македонија ја посети Папата. Како што е редот, тој е угостен од претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Зоран Заев. Насмевките од нивните лица не се симнуваат. Со се се согласуваат со Папата. Ама на зборови. Штом ќе си замине, најверојатно се ќе се заборави.

Заев ќе продолжи со политичкиот прогон против неистомислениците. Ќе суди и осудува, ќе затвора и апси бивши министри, директори, а по потреба и пратеници. Ќе спроведува селективна правда, лажно ќе се прикажува дека се бори со криминалот и корупцијата додека се трупа во богаство и ќе глуми добар и правичен човек.

Иванов со манир на човек кој како нешто да ја оплескал па потоа се спогодил за себе, по се изгледа ќе молчи и ќе чека да му поминат 5 те преостанати дена од мандатот, со надеж дека брзо ќе се заборави дека оставил на цедило голем број патриоти и невини луѓе, или со десеткратно преувеличено вина, а наспроти тоа и казна.

Papata-vo-vila-vodno-17-640x427

Тој велат се плашел од Заев. А не се плашел од семејствата на овие обесправени луѓе и од самите нив кога еден ден ќе излезат. Не се плаши од времето кога Заев ќе биде сменет и ќе дојде нова власт. Не се плаши од сопствената грижа на совест и од погледот полн со презир од секој слободоумен граѓанин Македонец кој во иднина ќе го среќава на улица или било каде.

Таму во дупките во Шутка, нема насмевки и среќа како на лицата на Заев и Иванов и нивните сопруги. Таму неважи муабетот за мирот, правичноста, помирувањето, позитивната мисла, љубовта, помагањето. Таму царува неправдата и мирисот на смртта. Нема чуство на правда ни кај оние кои неправедно се во домашни притвори кои прашање на време е кога Заев ќе ги прати или во дупките во Шутка или во Идризово, заради политичка омрза и добивање гласови кај исфрустрираните хејтери на СДСМ. Таму де, каде еден ден и тој може да се најде кога ќе се променат политичките прилики.

А и оние кои не се во притвор но се по судови, прогони, исчекувања, не се далеку од таму, иако речиси никој од овие луѓе нема вина и нормално ниту вистински докази. Тие се таму заради политиката на Заев да владее со политички прогони и политиката на Иванов во последната фаза од неговиот мандат да се претвори во преплашен поданик на Заев и бесчувствителен кон неправедно прогонетите.

А тие таму се борат секој ден да го преживеат во мизерни услови, во нечистотијата, глувци, бубашваби, смрдеа, во зима во студ, во лето во гасна комора во која нема воздух. И со ризик во секој момент дека некој од оние од Диво Насеље или слични на нив може да им го зарие ножот под гркланот!

Извор:република.мк

Коментирај