Иванов го потпиша ребалансот на буџетот

0
585

Претседателот на Република Македонија Ѓоргe Иванов вчера, во рамки на законскиот рок, го потпиша ребалансот на буџетот, потврдија за МИА од Кабинетот на претседателот.

Ребалансот на буџетот беше изгласан од Собранието на Република Македонија пред седум дена.

По потпишувањето, ребалансот на буџетот е пратен во собраниските служби, по што следува објавувањето во „Службен весник“ и стапување во сила.

Коментирај