Италијанците режираат циркус: Палермо останува во Серија Б!

0
306

Во италијанскиот фудбал се случува вистински циркус!

Откако тимот на Илија Несторовски и Александар Трајковски беше исфрлен во Серија Ц сега е донесена одлука Палермо д аостане во Серија Б.

После исфрлувањето во Серија Б, Палермо испрати жалба, а на изненадување на пошироката јавност Палермо ќе остане во второто по ранг натпреварување во Италија.

Новата одлука е на Палермо да му бидат одземени 20 поени и со тоа клубот од Сицилија сезоната ја завршува на 11-тата позиција.

Ќе потсетиме, Палермо неодамна доби нова сопственичка структура и се надеваат дека идната сезона ќе изборат место помеѓу најдобрите во Италија.

Сега ако со претходната одлука беше сигурно дека Несторовски и Трајковски ќе го напуштат клубот сега постои можност и наредната сезона да играат во дресот на овој клуб.

Извор: sportski.mk

Коментирај