Италијанскиот новинар го „задава завршниот удар“ за случајот „Рекет“

0
1570

Ларис Гаисер, новинарот од Словенија кој на италијанскиот медиум „Ла верита“ објави снимки за аферата „Рекет“ за Пресинг ТВ најавил „завршен удар“, но не кажал што попрецизно значи тоа.

„Преслушував многу важен материјал за аферата „Рекет“, има многу интересни докази, јас сум сигурен во нивната автентичност. Тие ќе предизвикаат големи реакции. Но, дали наскоро ќе ги објавам, најпрвин морам да бидам сигурен дека моите извори се безбедни“, вели Гаисер.

Според неговата најава многу е веројатно наредната недела да се објават нови материјали кои би ја докажале поврзаноста на високи претставници на власта во аферата „Рекет“. Има индиции дека новите материјали би биле поврзани со случувања во здравствениот сектор, а нешто такво претходно објави и опозициската ВМРО-ДПМНЕ при што таа зборува за таканаречено „трио Заев-Филипче-Дончев“.

Извор:република.мк

Коментирај