ИСТОРИСКИ ДОГОВОР: Во Саудиска Арабија за прв пат во историјата ќе се градат христијански цркви

0
516

Саудиска Арабија постигна договор со Ватикан за изградба на цркви за христијани кои живеат во таа земја.

Овој историски договор го постигнале кардиналот Жан Луис Тауран и Мухамед Бин Абдел Карим Ал-Иса од Муслиманската светска лига.

Кардиналот ја посети Саудиска Арабија оваа година, кога кај кралското семејство се залагаше за еднакво третирање на сите граѓани на таа земја.

Покрај изградбата на црквите, ќе биде основан и комитет чија цел ќе биде подобрување на односите на христијаните и муслиманите.

Коментирај