Историја на совршеното ирско кафе

0
159

Ирското кафе е создадено од ирскиот готвач Џо Шеридан во 1942 година во воздухопловната база Foynes, денешниот Интернационалниот аеродром Shannon во близина на Лимерик, Ирска.

irish-coffeeПриказната започнува со лет кој се враќа на аеродромот по обидот да стигне во Њујорк за време на зимска бура. Шеридан истрчува за да им направи кафе на заглавените патници во кое им става и малку виски за да се загреат, а името доаѓа при размена на следните реченици:

„Еј другар“ – рече изненадено еден Американски патник, „Дали е ова Бразилско кафе?“.
„Не“, одговори Џо, „тоа е Ирско кафе“.
Ирското кафе беше огромен успех и стана редовен пијалок на аеродромот.
Во 1952 година писателот Стенон Делаплеин од своето патување во Ирска го пренесол рецептот од кафето во САД, привлекувајќи го вниманието на шанкерот Џек Куплер во Буена Виста Хотелот, Сан Франциско.
Но, шлагот постојано тонел кога Куплер се обидувал да го направи, па се обидел да го најди правилниот начин на правење на ова кафе. На крај, шанкерот му понудил на Џо Шериден работа во американската Буена Виста Хотел, каде ќе може да се промовира овој одличен топол пијалок.

Со оглед на духовитоста на Ирците, Џо Шериден го опишувал начинот на правење на кафето како: Крем – богат како ирскиот Brogue (ирски чевел), кафе – силен како пријателска рака, шеќер – сладок како јазикот на нечесните и виски – јако како мазната земја.

И еве го оригиналниот рецепт за ирско кафе, според Шериден:
Рецепт за ирско кафе:

100ml жешко кафе
50ml Ирско виски
2 лажички кафеав шеќер
малку свеж шлаг

irsko kafe (1)
Подготовка:
Ставете го шеќерот во кафето кога тоа е жешко во топла стаклена чаша, кригла или друг сад кој може да ја издржи топлината од кафето. Мешајте додека шеќерот не се ратвори. Ставете го вискито и мешајте повторно. Нанесте шлаг крем на врвот од чашата. Не промешувајте повторно, за да не се измешаат состојките.

www.hybread.mk

Коментирај