Историчарот Асани бара отстранување на „хеленските“ табли од спомениците: Тоа е историска измислица

0
708

Согласно Преспанскиот договор, спомениците на Александар Велики, но и спомениците на Олимпија и Филип Втори, добија табли со појаснување дека истите се однесуваат на „античката Хеленска историја и цивилизација и на светското културно и историско наследство“. Иако Договорот стапи на сила уште во февруари годинава, а беше потпишан уште во јуни 2018-та, незадоволството сè уште не згаснува, и не само кај револтираниот дел од граѓаните.

Незадоволен од таблите што го означуваат „хеленскиот дух“ на спомениците е и историчарот Скендер Асани. Во разговор со „ТВ21“, тој оценува дека поставувањето на таблите ќе ги подобри односите со соседната земја (Грција), но ќе ги наруши внатрешните односи во земјава. Причината за тоа, според него, е што напишаното на „преспанските табли“ е историска измислица, а нивното поставување претставува сквернавење на историјата:

Античка Македонија била во тракиско-илирски состав. Ова го сведочат сите стари автори, но и подоцнежни историчари. Убеден сум дека многу брзо оваа политика ќе биде демантирана, која се прави со поставување на плочи сквернавејќи ја историјата. Јас како историчар апелирам до Владата што поскоро да се отстрани оваа плоча која претставува историска измислица. Бегајќи од еден проблем, се создаваат други проблеми во државата – смета Асани.

ФОТО: По Сонцето од Кутлеш, Владата се откажа од Александар Македонски и други споменици

Коментирај