Исповед на една жена која го изневерува својот маж – го правам тоа секојдневно во автомобил, а еве и зошто

0
950
Purchase this image at http://www.stocksy.com/141281

Госпоѓа (40) побарала помош од колумнистка Dear Deidre, бидејќи нешто чудно ѝ се случува. Таа не може да престане да го изневерува својот сопруг.

Тоа го прави толку долго време, колку што се во брак, а првиот со кого го изневерила е најдобриот пријател на нејзиниот сопруг.

Изгледа дека е желна за континуирано возбудување, но, во исто време се чувствува лошо затоа што го прави тоа.

Ова е нејзиното барање:

Драга Deidre,

Во среќен брак сум 15 години, но редовно го мамам мојот сопруг. Спиев со нашите машки пријатели, со мажите на пријателките, колегите од работа, мажите од фитнес клубот и други познаници.

Имам 40 години, а мојот сопруг е 42 години. Имаме четири деца, на возраст од 9 до 16 години.

Секогаш имавме добри односи, и ретко се расправаме. Редовно имаме секс и никогаш не сум се пожалила за нашиот сексуален живот. Знам дека ме сака безрезервно, но јас ја сакам возбудата, која ми ја носи сексот и го сакам сексот нон-стоп.

Никогаш не сум сакала да имам врска со некој друг, бидејќи веќе имам добра врска, но не можам да се заситам од флертувањето со другите и од чувството на возбуда. Обично го правам тоа на различни места, најчесто во автомобилот и ретко планирам. Јас едноставно знам кога мажите се заинтересирани за секс, а тие, исто така, чувствуваат кога сум јас.

Сексот со нив е многу страстен, но не сум горда на моето однесување. Знам дека тоа што го правам е погрешно и мразам што го мамам мојот сопруг. Тој го заслужува најдоброто.

Ретко се гледам со ист маж повеќе од неколку месеци. Неколку од нив посакале да имаат врска со мене, но јас ги одбив без размислување.

Што ми се случува? Зошто не можам да запрам?

Diedre одговаара:

Велите дека сте емотивно среќни со вашиот брак и дека вашиот сексуален живот е добар. Но се чини дека сексот на страна е повеќе флерт и ризик отколку потреба. Вие сте навлечени на чувството кое тоа ви го носи,а тоа трае долго време.

Дали сте сигурни дека вашиот сопруг не знае дека го мамите?

Можеби неговата безусловна љубов не ви значи повеќе онолку колку би требало, можеби не го цените доволно заради тоа колку што би требало, особено ако не се цените себе.

Возбудата која сексот на страна ви ја носи, дури и накратко, можеби ја блокира длабоко вкоренетата болка во вас.

Што и да е причината за ваквото однесување, не можете едноставно да се надевате дека таа потреба ќе исчезне.

Вие ризикувате да го изгубите вашиот брак за кој сметате за вреден.

Мислам дека бев доволно јасна.

Коментирај