Исповед на 16 годишната Катарина: Не стигнавме ни до Виена, кога ми рекоа: Добра ќе си на шипка

0
2929

Шеснаесет годишната Србинка Катарина прифатила повик од непозната жена во Виена да работи два месеци како бебиситерка за плата од 1.000 евра. Но, наместо во Виена, завршила како жртва на трговија со луѓе во кафана покрај автопат, каде што ја сил*вале и ја терале да се занимава со прости*уција.

Сè започна еден ден кога во куќата се појави жена која тврдеше дека ѝ е потребна бебиситерка за своите деца во Виена. Татко ми не сакаше да ме пушти да одам, му беше сомнително, но мајка ми беше упорна. Веруваше дека тоа е вистинска можност за мене, а јас ѝ верував неа, ја почнува својата приказна несреќната девојка.

Кога и нејзиниот татко попуштил, им биле понудени 1.000 евра однапред. Катарина била пресреќна, не знаејќи дека во тој момнет почнува вистинскиот пекол за неа.

До Виена не стигнавме. Жената која ме врбуваше ме однесе во една кафана на автопат каде што чекаше еден маж. Ме погледна и кажа дека добро избрала жената, дека ќе бидам добра за на шипка. Во тој момент сфатив што се случува, вели Катарина.

Во текот на ноќта ја терале да игра на шипка и да се соблекува. А потоа доаѓало најлошото.

Ме даваа на муштерии кои со мене правеа што ќе посакаа. А кога ќе се обидев да се одбранам, ќе дојдеше еден човек кој ме држеше затворена и ќе ме претепаше, често и ќе ме сил*ваше за да ми покаже дека немам многу избор, раскажува девојката.

Молчела и не се обидела да побегне зошто ѝ се заканувале дека ќе ѝ го убијат семејството.

Се плашев, но кога по едно од многубројните сил*вања ме претепаа толку многу што не можев да станам, знаев дека морам да побегнам. Имав среќа првпат после многу време затоа што никој немаше во кафаната, истрчав и побегнав низ шумата, иако имав болки, раскажува.

Во полиција ѝ требало многу храброст за да раскаже што ѝ се случувало.

Сфатив дека морам да раскажам затоа што ако молчам некоја друга девојка може да заврши како мене, вели храбрата девојка.

Нејзината приказна покренала голема акција за борба против трговија со луѓе.

Исто така снимен е и документарец „Набљудувачи“ од режисерот Никол Љуц кој се состои од три приказни од кои едната ја раскажува токму Катарина.

Извор: република.мк

Коментирај