Исландски голман замена за Штербик во Вардар ?!

0
165

Исландскиот медиум Висис (види) објави информација која подоцна се појави и на другите медиуми во таа земја дека досегашниот голман на ИБВ Вестманејар, Арон Рафн Едвардсон, покрај понудите од Австрија и Германија, има понуда од Вардар. Тие велат дека можен е договор и наскоро би можело да биде потврдено неговото доаѓање во Скопје.

Станува збор за искусен 28-годишен голман, кој има солидна интернационална кариера во шведскиот Гуиф, данскиот Алборг, германскиот Битигхајм, а на Исланд  покрај ИБВ има настапувано и за екипата на  Хаукар Хафнарфјордур. Покрај тоа Едвардсон е репрезентативец на својата земја, моментално е на репрезентативен собир со селекцијата и се подготвува за двомечот во бражот за Светското првенство против селекцијата на Литванија.

Вардар моментално има тројца голмани во ростерот, двајцата кои остануваат од оваа сезона: Страхиња Милиќ и Даниел Ѓорѓески и веќе потврдениот Дејан Милосављев.

Извор: sportski.mk

loading...

Коментирај