Исчезнатото девојче пронајдено мртво: Нејзиниот татко се обрати до јавноста скршен од болка

0
1217

Полицијата во Нов Зеланд пронајде тело за кое верува дека е исчезнатата бртианска туристка, 22-годишната Грејс Мелајн.

Полицијата уапсила и 26-годишен маж и рекла дека тој ќе биде обвинет за убиство.

Грејс е ќерка на британскиот милионер од Есекс, Англија. Секаква трага и се губи на 1. декември кога стигнала во Оукленд, кој бил една од станиците на нејзиниот пат околу светот.

Полицијата со прегледување на сигурносните камери утврдила дека последен пат е видена со маж пред хотел, а потоа ѝ се губи секаква трага.

Таткото на Грејс, 60-годишниот Дејвид Мелејн е градежен милионер, кој пристигнал во Нов Зеланд и одржал прес-конференција за јавноста во која не можел да ги сокрие солзите.

-Таа е прекрасна, отворена, љубезна, ќерка која ја сака целото семејство – низ солзи рекол Мелајн.

-Никогаш не поминало толку време без да се слушпнеме. Во Нов Зеланд пристигна на 20. ноември и не бомбардираше со фотографии и приказни за нејзините авантури. Страшно сме вознемирени и не можам да ви опишам низ што поминуваме – рекол таткото на Грејс, а потоа целосно се скршил пред сите.

Коментирај