Исчезнатата македонска актерка Адеа Шабани пронајдена мртва

0
304

Македонската актерка Адеа Шабани, која исчезна пред повеќе од еден месец e пронајдена мртва.

Телото на 25- годишната Адеа било пронајдена во нов ископан гроб, на околу 80 километри од Сакраменто, во Јужна Калифорнија, и тоа минатиот четврток, но телото се идентификувало денеска.

Викендов и момчето на Адеа, 33-годишниот Крис Споц, бегаше од полицијата и си пукаше во главата.

Истовремено, медиумите пишуваа дека полицијата има сведок кој видел како македонската актерка била насилно турната во багажникот на автомобилот на Крис.

По исчезнувањето на младата девојка која студираше глума, сите се кренаа на нозем, а беше понудена и награда од 25.000 долари за било каква информација.

Полицијата закажа прес-конференција.

Коментирај