Ирачката армија започна операција за преземање на западен Мосул

0
500

Премиерот на Ирак, Хајдар ал-Абади соопшти дека ирачката армија почнала воена операција за преземање на западен Мосул од милитантите од Исламска држава.„Објавуваме почеток на нова фаза во операцијата“, изјави Абади во телевизиско обраќање додавајќи дека ирачките војници доаѓаат да го ослободат западниот дел од Мосул.

Ирачката војска истовремено соопшти дека нејзините сили ги заземале селата Атхаб и Ал-Лазагах и дека напредуваат кон аеродромот на Мосул. Мосул е самопрогласен од милитантите на ИД за главен град на таканаречениот калифат во Ирак.

Ирачкиите напори поддржани од САД за преземање на градот, кој е последно упориште на ИД во земјата, почнаа на 17 октомври и досега се преземени населби од источниот дел, додека западниот останува под контрола на милитантите. Проценките се дека во тој дел се наоѓаат од околу 800,000 цивили.

Коментирај