Ирачката армија се соочува со силен отпор во Мосул

0
269

Ирачката армија продолжува да напредува во западниот дел на Мосул, иако се соочува со силен отпор од страна на џихадистите од „Исламската држава“, пренесува Voice of America.
Тактиката на џихадистите вклучува прикривање на нивните позиции преку палење на ткаенина на тесните улици со цел отежнување на набљудувањето од воздух.
„Исламската држава ги користи станбените згради и луѓето внатре како жив штит“, изјави за медиумите потполковник од ирачката армија.
Според зборовите на офицерот ирачката војска која претходно во текот на неделата го зазеде аеродромот на Мосул, напредува на север во насока на центарот на градот и нивната цел е да ја преземат контролата над Турскиот конзулат и некои владини згради.

Коментирај