Инвеститорот на „Космос” сам признал дека градел спротивно на законот

0
750

Во Кривичен суд во тек е доказна постапка за рочиштето за Т.Н.Т – „Космос” на Фијат Цаноски, на кое што се репродуцира ДВД од собраниската надзорна расправа на комисијата за транспорт, врски и екологија од октомври-ноември 2011.

Тогашниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски, на седницата ги објаснува огромните отстапувања од градежниот план што ги констатирала инспекцијата. Инвеститорот започнал да гради пред да го добие официјалниот документ од општината.

-Со котата на водата се манипулира. Инвеститорот сам признава дека градел спротивно, затоа и бара измена на планот инаку зошто би барал? Во барањето за измена тој вели “Јас градам спротивно зошто ми се појавија подземни води”, рекол Тони Трајковски на седницата од 2011 година.

Од страна на инвеститорот не била почитувана и динамиката за плаќање на комуналиите.

На седницата бил присутен и екс-градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, кој изјавува дека Градот Скопје се договорил со инвеститорот за плаќање на комуналиите за земјиштето на 24 еднакви рати. Инвеститорот платил само две.

Градот секогаш презема обврски согласно законот за земјиште и затоа ја активирал хипотеката на инвеститорот.

Извор:kurir.mk

Коментирај