Интимни женски фризури кои ги возбудуваат мажите

0
2448

Секоја жена по свој сопствен вкус ја уредува својата интимна зона, но постојат три интимни фризури кои во спалната соба го доведуваат мажот до лудило.

Кога се во прашање интимните фризури, трендовите кај жените дефинитивно се менуваат. Кога е во прашање машкиот поглед на женската интимна зона, истражувањата покажуваат дека мислењата се поделени, па една група на мажи сакаат кога жената има природна фризура, додека другите се радуваат на дами кои се одлучиле на нешто покреативен изглед. Без разлика дали ја уредувате својата интимна зона на еден или друг начин, морате да знаете дека мажите особено се палат на следните интимни фризури.

Природна фризура

Изгледот на запуштена интимна зона се сметаше за неприфатлив, но според некои истражувања спроведени помеѓу мажите се покажало дека влакнестите меѓуножја повторно се во мода. Огромен процент од мажите се сложиле дека им е привлечен природниот облик со минимални уредувања во интимната зона кај жените.

Бразилска депилација

Дискретна линија или мини триаголник над клиторисот, која се нарекува „landing strip“ е познатата бразилска фризура, која за прв пат излегува од границите на Бразил благодарение на седум сестри, кои отвориле свој салон Ј Sisters International во Менхетен во 1987 година. Оттогаш, популарноста на оваа интимна депилација само се зголемува.

Целосна депилација или писта

Вертикална линија со ширина околу два прсти е описот за француска депилација која е златна средина меѓу бразилка и природна фризура. На мажите особено им е привлечен изгледот на стилизирани влакненца на Венериниот брег, додека продолжувањето на мазен и гол дел на срамните усни им ја распалува страста.

Коментирај