ИНТЕРВЈУ СО ВАНКОВЕР МАНЧЕВ: Струмичката болница ќе биде опремена со 124 нови апарати

0
1789

Коалицијата за Подобра Македонија, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, на предвремените Парламентарни Избори 2016, ќе настапи со досега најобемната програма „РЕАЛНО“. За значењето на оваа програма, имавме чест да поразговараме со кандидатот за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ од Изборната Единица 4, Ванковер Манчев.

vanki3

Јавно.мк Програмата на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Подобра Македонија „РЕАЛНО“, заради својата темелност е одлично прифатена од страна на граѓаните. Дали можете да ни кажете кои можности ги нуди оваа коалиција и кои се проектите на кои можат да се надеваат граѓаните?

Манчев: Владaта на ВМРО-ДПМНЕ, во изминатите десет години водеше грижа и спроведуваше проекти за сите категории граѓани кои имаат потреба од поддршка од државата со цел олеснување на нивниот живот и подигање на нивниот стандард на живеење. Еднакво беше посветено внимание на пензионерите, невработените, лицата во социјален ризик, самохраните родители како и за децата без родители и родителска грижа.

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Подобра Македонија и понатаму ќе продолжи да се стреми кон социјална правда и токму поради тоа во повеќе мерки и заложби се ориентираме кон повисок степен на социјална заштита.

15337662_1798262633767163_418933497495215111_n

Јавно.мк Кои се вашите проекти во однос на капиталните инвестиции во овој сегмент и секако кои се вашите мерки кои ќе ги преземете во однос на ранливите категории на граѓани, пензионерите?

Манчев: Еден од поголемите капитални инвестиции е секако проектот за изградба на 140 детски градинки ширум Македонија. Во насока на континуирано решавање на проблемот во сферата на згрижување и воспитување на децата од предучилишна возраст, Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со изградба на нови детски градинки со кои ќе бидат зголемени капацитетите за околу 18.000 деца. Планирано е да се изградат и да се опремат детски градинки со различни капацитети и тоа детски градинки со капацитет за 50 деца, детски градинки со капацитет до 120 деца, детски градинки со капацитет до 220 деца и детски градинки со капацитет до 350 деца. Во струмичкиот регион и околината, целосно нови градинки ќе се градат во општините Струмица, Василево и Валандово, додека проширување на капацитетите во веќе постоечките, ќе има во Босилево и Валандово. Овие проекти ќе бидат реализирани со точно одредени датуми, како што е наведено во програмата „РЕАЛНО“.

vanki5ВМРО-ДПМНЕ води постојана грижа за повозрасните лица со цел нивно активно партиципирање во општеството, поголема исполнетост на слободното време, дружење и поголема независност во секојдневното живеење. Поаѓајќи од потребата за оформување на дневни центри и други социјални сервисни служби за старите лица во местото на живеење, Владата на ВМРО-ДПМНЕ започна да развива мрежа од дневни центри како социјални сервисни служби за стари лица. Во наредните четири години ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со изградба и отворање на дневни центри, од кои еден ќе биде изграден во Струмица до јуни 2018 година.

Исто така, мора да се напомене дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ од септември 2008 година започна со исплата на пензиите секоја прва седмица од месецот истовремено за сите корисници на пензија и оваа практика ќе продолжи и понатаму. Следствено, пензиите беа зголемени за 90.32% најниските пензии, 70.29% средните и за 34.85% високите пензии. Во следниот мандат, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги зголеми пензиите за 10,25% и тоа 5% со исплатата на пензијата во септември 2018 година и 5% со исплатата на пензијата во септември 2020 година.

Лицата со инвалидност се една од категориите кои заслужуваат посебно внимание и се рамноправни граѓани на нашето општество. Постигнавме многу за овие наши сограѓани во соработка со организациите што ги претставуваат. Токму затоа, како идна Влада предвидуваме многу проекти кои ќе се реализираат за лицата со инвалидност. На тоа нѐ обврзуваат обврските што ги преземавме како држава со потпишувањето на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост во 2007 година и Факултативниот протокол во 2009 година, кои стапија во сила во декември 2011 година.

Новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе иницира и промена во концептот на вработување преку кој ќе се овозможи директна помош и социјална интеграција на лицата со инвалидност со отворање на можности за полесно вработување во јавниот и приватниот сектор како и за останатите граѓани. Имено, вработувањето ќе се фокусира на стабилна и сигурна работа во еднакви услови како и за останатите работници. И понатаму ќе се овозможи финансиска поддршка на работодавачите кои ќе вработуваат лица со инвалидност преку учество на државата во делот на социјалните придонеси и персоналниот данок, а исто така и во техничка помош насочена кон подобрување на условите за работа на лицето со инвалидност.

Оваа тема е премногу опширна, па затоа им препорачувам на граѓаните и детално да се информираат во програмата „РЕАЛНО“.

pesevskiЈавно.мк Господине Манчев, вие по професија сте лекар. Кои се проектите предвидени во вашата програма во однос на јавното здравство?

Манчев: Здравствената заштита на секој граѓанин во државата и континуираното унапредување на квалитетот на здравствените услуги ќе биде еден од врвните приоритети на Владата на ВМРО-ДПМНЕ. Ќе продолжиме со зголемено темпо да инвестираме во секој сегмент од здравството. Инвестициите во здравството се инвестиции за сите сегашни и идни генерации, инвестиции во здрава нација и здраво општество. Продолжуваме со инвестирањето во носечките столбови на квалитетен здравствен систем, здравствената инфраструктура, набавката на најсовремена медицинска опрема и унапредување на знаењата и вештините на медицинскиот кадар. Се фокусираме и на стручното доусовршување на здравствените работници во реномирани медицински центри во странство, кои се исклучителна можност за македонските лекари да стекнат нови знаења во чекор со светските трендови во медицината, кои потоа ги применуваат во матичните установи во Македонија. Досега се испратени над 2.500 здравствени работници на доедукација во врвни медицински центри низ Европа, САД, Австралија, Канада, Кина, итн.

111Ќе продолжиме со набавка на нова најсовремена медицинска опрема, како и нови комплетно опремени санитетски возила за повеќето јавни здравствени установи низ државата, со која ќе овозможиме воведување нови методи, унапредување на третманот на пациентите, а воедно и подигнување на квалитетот на здравствените услуги. Дел од набавката ќе опфати нова медицинска опрема каква што досега немало во некои од јавните здравствени установи, а со дел од набавката ќе овозможиме замена на постара и дотраена опрема. Приоритетите се утврдени во директна комуникација со менаџментот на установите и раководителите на различни оддели во болниците и здравствените домови, кои ги посочија потребите за нова опрема и нови методи. Во тој контекст, напоменувам дека за струмичката болница ќе бидат набавени 124 нови апарати во вредност од околу еден милион евра.

15319258_1798253373768089_3063889667598188462_n

Јавно.мк: Господине Манчев, кои се вашите погледи кон развојот на културата во Струмица и струмичкиот регион?

Манчев: ВМРО-ДПМНЕ во изминатиoт период реализираше илјадници проекти со кои беше поттикнат развојот на уметничкото творештво, спроведовме соодветни мерки за заштита на културното наследство што го поседуваме како држава, и го промовиравме нашето автентично културно богатство во земјава и во светот. Токму затоа, во периодот 2017-2020 година продолжуваме со уште позасилено темпо и динамика и со реализација на многубројни проекти од сите дејности од областа на културата.

За Струмица и струмичкиот регион, веќе е започната обновата на опожарениот „Стар театар“ во кој ќе се создадат услови за интензивно презентирање на театарската уметност во градот и збогатување на културната понуда за граѓаните. Уметничкиот кадар на струмичкиот театар ќе добие нов современ простор кој ќе содржи гледалиште со капацитет од 320 седишта и ќе биде опремен со технологија по најсовремени стандарди.

Исто така, треба да се напомене дека ќе се изврши и целосна реконструкција на Центарот за култура „Антон Панов“ – Струмица и ќе се изврши ентериерно уредување на целиот објект, уредување на галерискиот простор, сцена и др.

Јавно.мк: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во последната деценија вложуваше многу во младите и спортот. Што предвидува програмата „РЕАЛНО“ во оваа сфера?

Манчев: Точна е вашата констатација и можам слободно да кажам дека според односот на Владата предводена од ВМРО-ДМПНЕ дека проектите што се планирани и ќе бидат реализирани во следниот период, се во функција на подобрување на иднината на младите. Како и досега, младите ќе бидат вклучени во процесите на предлагање мерки за решавање на проблемите кои нив ги засегаат како на локално, така и на национално ниво. Ќе се стремиме младите да имаат поголемо учество во креирањето на политики и донесување одлуки, што е еден од основните предуслови за креирање на прогресивни и модерни политики во едно општество.

Од областа на активното спортување на младите, на територијата на Струмица предвидени се две маалски универзални игралишта и четири терени за уличен баскет, популарно кажано street basket.

Коментирај