Интервју на Мицкоски: Јас сум за Македонизација (ВИДЕО)

0
277

Во интервјуто за „Журнал“, Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека она што беше пренесено по српските медиуми дека е за федерализација е дијаметрално спротивно на неговите ставови, бидејќи тој е за Македонизација. При што додаде дека Василевска даде демант, практично ги отфрли сите оние невистини кои што беа дел од тој текст.

Тоа е она што можат несовесни новинари да го направат, да нанесат штета на процеси кои што практично не се такви какви што се прикажани, во рамките на тој текст. А, инаку лично мојот став е сосема спротивен на она што е напишано во тој текст напротив Македонија, јас тоа го промовирам во политиките, а тоа е „НЕ“ за Антиквизација, „НЕ“ за Севернизација, туку „ДА“ за Македонизмот. „ДА“ за Македонизација и тоа не е ексклузивно право на македонскиот народ. Туку на македонскиот народ и на сите кои што се родиле, живееле, се радувале, тагувале во оваа држава. Сите тие имаат право на тој Македонизам, нагласи Мицкоски.

Коментирај