ИНТЕРВЈУ ДАЈАНЧО ЕФТИМОВ

0
967

Разговараме со Дајанчо Ефтимов член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ за состојбите во земјата, подготовките за претстојните парламентарни избори и резултатите.

ЈАВНО: СПОРЕД ВАС КОЈ Е НАЈ АКТУЕЛЕН ПРОБЛЕМ НА КОЈ СТЕ ФОКУСИРАНИ И КАКВИ РЕШЕНИЈА ЌЕ ПОНУДИ ВМРО-ДПМНЕ?

Политичката и општествена сцена во земјава помина низ бурен период кој резултира со закажани предвремени избори, а случувањата на сите ни открија дека граѓаните и нивните потреби во перцепцијата на актуелната извршна власт се ставени, фрлени на маргината .
Токму заради тоа оценките на граѓаните со кои се среќаваме се изразено негативни. А, такви се веќе оценките и мислењето на странските претставници на држави и организации.
Како правник, еден од главните проблеми кои се во фокус на моето дејствување е правната држава, владеење на правото и еднаквоста на граѓаните пред законот, демократските капацитети на институциите. За тоа како функционира правната држава и каква правда им се нуди на граѓаните најдобро говори крахот на реформите на правосудтвото. Во моите претходни јавни настапи истакнувавме дека не може носител на реформите во правосудството да биде Премиерот кој водено е економист. При самото формирање на советот за реформи стручните лица и авторитетите од таа област одбија да влезат а по извесно време и се повлекоа и го оставија сам СДСМ да го прифати заклучокот дека она што го предложија е неуспешен проект.
Конкретно, во прилог на подобрување на состојбите ВМРО-ДПМНЕ предлага ново законско решение за Јавното обвинителство во кој би се инкорпорирале и надлежностите на досегашното таканареченото Специјално обвинителство. На тоа ревносно ее противи актуелната власт бидејќи постојат тековни криминални активности кои би можеле да се гонат. Заложба на ВМРО-ДПМНЕ е дека треба да се преиспита потеклото на имотот на сите политичари и јавни носители на функции за секој за кој ќе се утврди таква потврда.
Скандалот со случајот Рекет секојдневно метастазира односно се во предистрагата и истрагата се повеќе се вклучуват личности од јавнио живот кој биле вплеткани во оваа мрежа, меѓутоа самиот органот кој треба до крај да го проследи случајот се однесува инертно – очигледно мотивиран од политички .
Да потсетиме на скандалот со телефонско јавување на Премиерот до еден од градоначалниците од нивните коалициони партнери кои исто така се влијателни во нивните партии заради правниот систем во кој што бара да влијае на разрешување и назначување на судија со што фактички влијае на политичко решение за составот на Врховен суд.
Нарачани предистражни и истражни постапки, нарачани пресуди и притвори јасно покажуват дека наместо својата оргинерна задача правосудниот систем е ставен во функција на потребите на извршната власт, односно на врхушката од партијата на власт.
Конечниот заклучок е актуелната власт го растури правниот систем. Под изговор дека е корумпиран. Го расцепка правниот системот на помали делови за да може да го користи за свои цели. Потоа, започна прогон врз опозицијата со намера да си отвори простор за непречено коруптивно дејствување врз политичките конкуренти, од што најмногу штета претрпеа бизнис секторот и стопанството.
Но, јас секојдневно се среќавам со сограѓаните. Ги следиме состојбите во разни случаи на поединци и организации кои се жалат и се обидуваме на најбрз начин да најдеме решение за сите проблемите. Повеќето од проблемите веќе ни се изложени во рамките на Разговори за обнова на Македонија и ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди солидни решенија со кои ќе се воспостави правен поредок и демократски систем на вредности како и владеење на правото во сите сегменти на општественото живеење.

СДСМ ГИ ПОТЦЕНИ СОГРАЃАНИТЕ ОД РЕГИОНОТ

ЈАВНО: КАКВИ СЕ СОСТОЈБИТЕ ВО РЕГИОНОТ И ШТО ТРЕБА ДА СЕ НАПРАВИ?

Го посетувам регионот секојдневно преку состаноци со партиски и со сите сектори остварувам бројни средби со сограѓани. Југоисточниот регион кој беше препознатлив како силен стопански центар по сликовиот кажано е ставен на колена. Минатата година дека земјоделието е пред колапс власта не го сфати сериозно. Се занимаваше со преместување на администрацијата и унапредување на својот живот и стандардот на блиските . Денеска младите губат интерес за работа во земјоделието.

Првична перспектива која младите ја гледат е миграцијата. Погледнете ги официјалните податоци. Несигурноста што настана во оваа стопанска гранка создаде потреба да се напушти земјоделието како основна егзистенцијална дејност. Погледнете ги параметрите на производството.
Станува јасно дека откуп со стабилни цени може да има има затоа што веќе нема ни од далеку производство какво што може да понуди овој регион.
Во изминатиов период немаше сериозни инвестиции во југоисточниот регион иако очекувавме повеќе од актуелната влада со оглед на миграцијата на повеќето кадри од локална во централната власт токму од овој регион.
Официјалните податоци зборуват дека инвестициите во основни средства, бруто домашниот производ, стапката за активност на населението во нашите региони се слаби и во надолна линија споредбено со претходно.
Со слабите инвестиции и конкуренцијата на работната рака изостанува. Одноно мобилност на работната рака е сведена на минимум. На пазарот на трудот, нема понуда за подобрите работници и затоа регионот од ден на ден преку процесот на миграција ги губи стручните кадри.
Сограѓаните велат дека Локалната власт во целиот регион сосема потфрли. Не само што нема инвестиции, некакви видливи проекти на општините,туку ни оние што им беа оставени во завршна фаза, на кои самите сечеа ленти не се одржува и користи.
Ако нешто треба да е предност на оваа власт од наша перспектива е миграцијата на повеќе кадри од Струмица и регионот заради учество во централната власт. Повеќето од тие луѓе долги години беа дел од локалната самоуправа и се запознати со проблемите на граѓаните. Но, нивното непосветено работење, непосветено работење придонесе за тоа да нема бенефит. Ги изневерија своите гласачи и очекувањата на регионот.
Кога зборуваме за СДСМ во регионот напротив, наместо работа за сограѓаните, естаблишментот започна со меѓусебни незадоволства поради новите бизниси и вработувања. Во тој конфликт многумина имат чуство на кратки ракави и тоа е еден од конците кои ја расплетува приказната на актуелната ненародна власт.
Би потсетил на периодот во кој и самиот бев дел и од локалната самоуправа и одреден период и пратеник, за тоа колку само се работеше на инвестиции, колку внимание се посветуваше внимание во правец на подобрување на животот на поединецот.Тогаш се излегуваше во пресрет за се сослушуваа граќаните и се бараа решенија. Таа разлика сограѓаните од регионот ја чуствуват и ја пренесуват и затоа ни ја дават поддршката и тоа е најголема наша препорака и надеж за обнова на регионот.

ОБНОВАТА БАРА ОД НАС ПОГОЛЕМ АНГАЖМАН ВЕДНАШ ПО ИЗБОРИТЕ

ЈАВНО: КАКВИ ПАРТИСКИ АКТИВНОСТИ СЕ ПРЕВЗЕМААТ И ШТО МОЖЕ ДА СЕ ОЧЕКУВА ВО НАРЕДНИОТ ПЕРИОД ОД ВМРО-ДПМНЕ?

Факт е дека ВМРО-ДПМНЕ се најде на удар на власта. И факт едека тоа не е карактеристика на ниту една европска земја. Се разбира никој нема намера да ги брани оние кои се огрешиле кон законот и народот. Сепак нашата генерација имаше можност да види повторување на историјата, една секвенца од политичкиот живот на земјата познат како процесот на 1949та година познат по прогон, политички судења и слично.
Сите предавства што се случија нашиот народ е спремен да ги казни. ВМРО-ДПМНЕ е спремна да одговори на потребата за обновата на татковината. Можам да констатирам дека Партијата во регионите е целосно комплетирана и структурите се на ниво на задачата.
Кадрите кои ги имаме ја прават Партијата спремна да ги следи сите процеси во нашата средина и да ги детектира во своите програмски понуди.
Во тек се нашите Разговори за обнова кои секојдневно низ средби со граѓаните ни ги пренесуват нивните идеи и проблеми кои што ние ги нотираме. Секој од Партијата одговорно ја работи својата улога и во план е посета на сите места каде низ средби со што е можно поголем број на сограѓани ќе создадеме програма. Програмата што ќе ја понудиме ќе значи обнова на сите сектори на стопанскиот и општествениот живот. Веднаш по изборите ќе се зафатиме со сериозна работа за да одговориме на сите напластени проблеми и потреби.
Изборите во април ќе покажат дека нашиот народ со љубов ја обнови силата на ВМРО-ДПМНЕ и со таа доверба заедно ќе ја обновиме Македонија.

Коментирај