Интернет полни 30 години: Дали стана “чудовиште” кое е надвор од контрола?

0
64

Пред триесет години во март, еден млад британски софтверски инженер кој работел во познатата научна лабораторија во близина на Женева, осмислил систем кој ќе споделува информации меѓу научниците. И го промени човештвото.

Тим Бернерс Ли, таткото на World Wide Web(www), денес, сепак, предупредува дека неговиот изум го преземале расипници и дека тоа може да доведе до неговото уништување.

Неговата стара канцеларија во ЦЕРН не се разликува од другите во долгиот ходник на главната зграда. Единствената назнака дека таму се создавала историја е мала комеморативна плакета покрај името Бернерс-Ли.

“Многу работеше”, вели Франсоа Флукцигерr, кој стана шеф на тимот за веб развој по заминувањето на Бернерс-Ли на еднакво славниот Технолошки Институтот Масачусетс (МИТ) во 1994 година.

“Светлата во неговата канцеларија секогаш беа запалени”, изјави Флукцигер.

Бернерс-Ли бил надлежен за интерниот именик на ЦЕРН, но него го интересирале начини на кои ќе им овозможи на илјадници научници од целиот свет кои соработувале со европските истражувачки лаборатории лесно споделување на информации во врска со нивната работа.

Неговата визија за “децентрализиран систем за управување со информации”, набрзо стана реалност, односно  настана мрежата.

Примитивни форми на интернет – мрежа која ги поврзува компјутерите имаше и порано, но World Wide Web, овозможи пристап на веб-страниците со помош на пребарувач.

“Многу рано имавме чувство дека создаваме историја”, рече Флукцигер.

Во 1990 година на тимот му се придружи и белгискиот научник Роберт Калиау за да го промовира пронајдокот, кој го користеше програмскиот јазик HTML за да изработи веб-страници.

Заедно создале хипертекстен пренослив протокол или HTTP, кој им овозможи на корисниците да пристапат до изворите со кликнување на линкови и веб адреси, URL адреси.

Во доцните 90-ти, Бернерс-Ли го пушти во погон првиот сервер за пребарување во мрежата.

Прелистувачот исто така беше ставен во употреба на почетокот на 1991 година, прво во други истражувачки институции, а подоцна и отворен за јавноста.

Флукцигер, кој сега се пензионира, рече дека “web” е еден од најголемите пронајдоци на 20 век.

Но, тој се жалеше на “интернет злоупотреба, лажни вести и масовна хистерија”, кои сега се во полн замав. Еднакво важи и за загрозување на приватноста.

“Треба да се запрашаме дали на крајот создадовме чудовиште кое е целосно надвор од контрола”.

Бернерс-Ли ја започна својата кампања за “спасување на web”.

На Веб-самитот во Лисабон во ноември минатата година, тој повика на нов “веб-договор” базиран на пристап за секого и на темелно право на приватност.

“Web го киднапираа арамии и тролови, кои го користат за манипулирање со луѓе низ целиот свет”, предупреди Бернерс-Ли во коментарот за New York Times, во декември, повикувајќи се на кои закани се соочуваат корисниците: почнувајќи од “dark web”, до компјутерскиот криминал, лажни вести и кражба на лични податоци.

Коментирај