Интернет хит: Полицајка зела боледување, па позирала гола по светот

0
538

Полициската службеничка од станицата Грантам, во Линколншир, Леани Кар минатата година зела седуммесечно боледување од работа, поради насобран стрес на работно место.

Интересното е што во тој временски период против 33-годишната полицајка била поведена дисциплинска постапка поради престап кој се смета за деловна тајна, па за тоа не смеело да се говори во јавност. Во меѓувреме постапката е завршена, а Леани се вратила на своето работно место.

Дури тогаш надлежните почнале да се занимаваат со фотографиите направени во периодот на нејзиното боледување. Освен австријските Алпи, Леани шетала на Тајланд и Кипар. Цело време објавувала секси фотки од својот одмор, а изгледа дека тоа им посметало не некои нејзини колеги кои ја „накодошиле“ кај шефовите.

„Вака не изгледа жена која е под стрес“, тврдат колегите, додавајќи дека освен што ја срами полицијата, разузданата полицајка троши пари од даночните обврзници на луксузни одмори, додека се води дека е на боледување.

Додека нејзината шефица изјавила дека полицајците имаат право на приватен живот, но не смејат да ги кршат стандардите на професијата, таткото од Леани, Греам, изјави дека неговата ќерка е „вредна млада жена која изгледа како модел и има право да го покажува своето тело“.

Додаде дека таа често патува со својот дечко милионер, но за него не сакаше многу да говори и открива.

Коментирај