Интересен тест! Што гледате на оваа слика?

0
1344

Што гледате на оваа слика?
Ова е можеби најпознатата слика од така наречените „Двосмислени илузии“, кои можат да укажуваат на две различни работи во зависност како ќе се погледне во нив. Името на сликата е „Фигурата на Боринг“. За прв пат таа е прикажана на германска разгледница во 1888 година и потоа се појавува во разни списанија. Прв ја анализирал психологот Едвин Боринг во 30-тите години на XX век. Во зависност што гледате на оваа слика, тоа зборува за начинот на кој го гледате светот и како се гледате самите себе. Интересно кај „Фигурата на Боринг“ е дека неможе истовремено да се видат и двете фигури.

Млада жена
Многумина на оваа слика гледаат млада жена облечена во викторијански стил. Ако сте од нив, тогаш вие сте личност, отворена кон светот. Дружељубива, енергична, импулсивна, зборлеста, која бара и има потреба од другите луѓе и социјалните контакти со нив. Вие сте личност склона да експериментира со себеси. Ги сакате светлите бои. Вие сте оптимист, позитивно настроена и емотивно стабилна личност. Уверени во себе и во своите можности. Луѓето како вас не се себични и загрижени за самите себе и на тој начин не се фокусирате силно врз сопствените мисли и чувства. Така полесно комуницирате со непознати луѓе, и се  чувствувате исклучително добро кога сте со друштво. За оние кои гледаат млада жена исто така значи дека се експлозивни личности кои секогаш избрзуваат во своите реакции.

Старица
Ако гледате старица  вие сте личност која е затворена во себеси. Не чувствувате силна желба и потреба за дружење. Не сакате да експериментирате. Повеќе ви се допаѓа облеката во темни бои. Ја сакате сигурноста и безбедноста и не ви се  допаѓаат промените. Често следите одредени шеми и правила. Потешко се вклопувате во друштво. За сметка на тоа, кога ќе создадете пријателства, тие се долготрајни. Вие сте човек кој внимателно ја набљудува својата околина. Лесно ги препознавате проблемите и секогаш имате креативни решенија. Вие сте многу чувствителни и умеете да ги оценувате вистински најубавите нешта. Личност со идеали и подготвена на жртви. Веројатно имате талент во математиката, уметностите, пишувањето или музиката. Во исто време сте и човек кој е склон кон депресии. Поставувате високи стандарди и барања од другите за да ги почитуваат. Ретко преземате иницијатива за било што. Често се самоанализирате и чувствувате неувереност во себе. Тешко простувате предавство и лаги.

Коментирај