Интер не го заборава „Џузепе Меаца“ со овации за Горан Пандев (ВИДЕО)

0
696

Тимот на Интер денес одигра натпревар против Џенова во кој настапува македонската фудбалска икона Горан Пандев.

Како што е добро познато, Пандев беше дел од историскиот успех на Интер кога во 2010 година, „нероаѕурите“ станаа единствен италијански клуб кој стигнал до триплета (Лига на шампиони, Куп на Италија, Серија А).

Пандев беше заменет во 51-та минута кога на негово место влезе Криштоф Пиатек, а во тие моменти доби силни овации од „Џузепе Меаца“.

Извор: sportski.mk

Коментирај