Интелигентните луѓе потешко се вљубуваат

0
818

Љубовта секогаш не може лесно да се разбере, како ниту сопствените чувства. Психолозите тврдат дека паметните луѓе потешко се вљубуваат поради неколку причини.

1. Ги анализираат и своите и чувствата на другите

Паметните луѓе се прави експерти во собирање на информации и донесување на различни заклучоци, што може да биде предност и недостаток, бидејќи се склони да побегнат од врска и на првите знаци од некој проблем.

2. Им треба време за да се отворат

Интелигентните луѓе потешко се отвораат бидејќи знаат и разбираат дека тоа е своевиден ризик за каква било врска. Затоа често делуваат ладно и отуѓено.

3. Се раководат од претходните искуства

И тоа е една од замките на паметните луѓе. Тоа што било причина за прекин на претходната врска, не значи дека ќе пречи на идната, но ним тоа им е потешко да го сфатат.

4. Тоа што се сами е нивен свесен избор

Интелигентните луѓе јасно согледуваат дека е подобро и попријатно да се биде сам отколку со некој што не им одговара. Тоа е нивна свесна и добро промислена одлука.

Коментирај