Instagram – машината за пари!

0
167

Растот на корисниците на „Instagram“ продолжува, пишува „Techcrunch“. Според најновите податоци, месечните активни корисници на социјалната мрежа веќе надминуваат 1 милијарда луѓе.

Во септември беше надмината границата од 800 милиони луѓе, од кои 500 милиони луѓе ја користат апликацијата на дневна основа.

Од своја страна, „Snapchat“ забележи раст од 2,13 отсто за првиот квартал од годината и денес веќе се користи од 191 милиони лица, додека на месечна основа корисниците на „Facebook“ се зголемува со 3.14 проценти и веќе бројката е 2.196 милијарди лица.

Растот на „Instagram“ за само последниот квартал изнесува 5%, соопшти компанијата.

Апликацијата е во сопственост на „Facebook“, но не е познат приходот со кој придонесува во вкупниот број на компании. Од „eMarketer“ сметаат дека „Instagram“ ќе генерира 5.48 милијарди долари приходи само во САД во 2018-та година, што е за 70% повеќе од пред една година.

Според нивниот последен извештај, „eMarketer“ проценува дека „Instagram“ веќе придонесува со 28,2 отсто од приходите на „Facebook“ во мобилното рекламирање.

Вчера, за прв пат во историјата, акциите на „Facebook“ ја прекинаа трговската сесија на 200 долари. Зголемувањето изнесуваше 2,28% или 202 долари.

Извор: Денар

Коментирај