„Инфомакс“: Ахмети ќе се збогува од политиката, до крајот на годината ќе го напушти кормилото на ДУИ

0
163

Во последно време се погласни се шпекулациите дека Али Ахмети планира да го напушти кормилото на ДУИ. Причините за овој чекор се во подолг период приманите сигнали од преставниците на меѓународната заедница дека треба да си замине, пишува порталот Инфомакс.

Од извори во ДУИ, порталот дознава, дека Ахмети одлучил навреме сам да си замине пред да започне поотворена и посериозна кампања против него од страна на дел од меѓународната заедница, која најверојатна освен медиумска преку медиумите кои ги контролираат би можела да биде и преку механизмите на СЈО и ОЈО, кои дури и да нема некое кривично дело, можат да го конструираат.

Според едни извори, овој чекор Али Ахмети планирал да го повлече кон средината на оваа година, некаде помеѓу мај и јули, а според други, во втората половина на оваа година.

И според едните и според другите, тој посакувал круна на неговото водство да е донесувањето на законот за двојазичноста, решавањето на името и добивањето покана за НАТО и датум за преговори со ЕУ. Дали ќе го оствари ова, останува да видиме.

-Иако во целост ги следеше барањата на меѓународната заедница во сите 17 години водење на ДУИ, од нејзиното основање, кога по конфликтот во 2001. година се формираше оваа партија, сепак, се чини дека процениле дека треба да му се заблагодарат на соработката, а ДУИ да одбере нов лидер. Според некои аналитичари, странците сакаат помодерен и помалку националистички настроен ДУИ. Според други, се смета дека Ахмети предолго е претседател и веќе неможе да се справи со криминалните структури во партијата, од кои голем дел се високи функционери, пишува порталот.

Во меѓувреме се погласни се шпекулациите за скорешно формирање на нова албанска партија, подржана од меѓународниот фактор, за која наводно подготовките се во завршна фаза и ќе го обзнани своето создавање престојната пролет. Новата партија создадена од повеќе албански интелектуалци и бизнисмени, се очекува да биде сериозна конкуренција на ДУИ во иднина, додава Инфомакс.

loading...

Коментирај